Зариф го оспори планот на САД за ‘мирно решение’, со Роухани отпатува во Њујорк

56

Шефот на иранската дипломатија, Мохамед Џавад Зариф, кој отпатува во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации заедно со претседателот Роухани откако добија американски визи и покрај претходните недоумици, го оспори планот на Вашингтон за создавање коалиција за „мирно решение“ на Блискиот исток и потсети на бројните слични ирански дипломатски иницијативи.

САД во четвртокот објавија дека формираат коалиција за „одвраќање на иранските закани“, откако во саботата со беспилотни летала беа нападнати двете најголеми постројки на нивниот регионален сојузник Саудиска Арабија. А нападите одговорноста ја преземаа јеменските шиитски бунтовници Хути против кои од 2015 година операции спроведува саудиската армија, но Вашингтон е упорен во обвинувањата дека зад нападите стои Техеран.

„Коалиција за мирно решение?“, напиша Зариф на Twitter и наброја осум ирански дипломатски иницијативи од 1985 година наваму, вклучително и мировниот план за Јемен од 2015 година, како и регионалниот пакт за ненапаѓање предложен претходно оваа 2019 година.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата повторно го обвини Иран за нападот со дроновите и го нападот го нарече „воен чин“, но во четвртокот ја ублажи реториката велејќи дека САД сакаат да создадат „коалиција чијашто цел ќе биде мир и мирно решение“.

Во друг твите пред заминувањето во Њујорк, Зариф ги обвини САД дека ја ценат нафтата повеќе отколку луѓето на Блискиот исток.

„Арапската крв против арапската нафта/ азбука на американската политика: 4 години неселективно бомбардирање на Јемен, 100.000 убиени Јеменци, 20 милиони протеерани Јемен ци, 2,3 милиони случаи на колера, одврзани раце за злосторство. Возвратните јеменски удари на нафтените постројки= неприфатлив ‘воен акт’“, напиша Зариф во врска со нападите изведени на 14-ти септември.

Зариф во петокот отпатувал во Њујорк, пренесе иранската државна телевизија, откако САД му издале влезна виза, како и за претседателот Хасан Роухани, соопшти Алиреза Мурџусефи, портпарол на иранската мисија при ОН.

Ден претходно Зариф го обвини Помпео за одбивањето САД да издадат визи на членовите на иранската делегација.

„Помпео се обидува да ја избегне американската обврска за издавање визи за делегатите на Генералното собрание, прибегнувајќи на присвојувањето на правода на издавање одобренија“, напиша Зариф.

Заседанието на Генералното собрание на ОН почнува во вторник, а се очекува Роухани да одржи говоро во среда. Неколки седмица се шпекулира за можна средба на иранскиот и американскиот претседател на маргините од Генералното собрание.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.