Зариф не исклучува нови одмазнички удари против САД и смета дека Трамп има лоши советници

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави во саботата дека не исклучува нови одмазнички акции против САД поради убиството на влијателниот ирански генерал Касим Сулејмани на 3-ти јануари во Багдад.

Официјалната иранска одмазда е готово, рече Зариф на меѓународната безбедносна конференција во Минхен. Меѓутоа, не ја исклучи можноста на САД да им се одмаздуват државјани на Ирак, каде што доминатно население е шиитското и е наклонето на Иран. Убиството на иранскиот генерал на ирачка територија го сврти тамошното население против Вашингтон, рече Зариф.

Тензиите на Блискиот исток ексалираа откако во американски воздушен напад на 3-ти јануари во ирачката престолнина Багдад беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани, командант на Иранската револуционерна гарда, која е сојузник на ирачките шиитски доброволечки милиции кои имаа решвачка улога во копнените судири со џихадистичката Исламска држава.

Иран по пет дена се одмазди со ракетни напади врз две воени бази на иричка територија во кои се сместени американски војници, во кои се повредени десетици војници. Американскиот напад, исто така, предизвика и бран протсети на Ирачаните против САД, по што парламентот во Багдад изгласа резолуција со која се бара странските сили да се повлечат од земјата.

Зариф, исто така, во настапот во Минхен оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп не сакачл да се сретне со иранскиот колега Хасан Роухани, бидејќи бил лошо советуван и бидејќи бил сигурен дека власта во Техеран ќе биде соборена под притисокот на американските санкции.

„Мислам дека претседателот Трамп нема добри советници, тој очекува паѓање на иранската влада откако се повлеќе од нуклеарниот договор во 2018 година. За жал, предлозите на (францускиот претседател Емануел) Макрон, на (јапонскиот премиер Шинзо) Абе и другите не се прифатени, бидејќи претседателот Трамп ги уверија дека ќе се сршиме и не сака да разговара со власта која паѓа“, изјави шефот на иранската дипломатија на Безбедносната конференција во Минхен, големиот годишен собир посветен на дипломатските и воените прашања.

Францускиот претседател попусто се трудел да се оствари тајна средба меѓу Трамп и Роухани во септември во хотел во Њујорк на маргините од Генералното собрание на ОН, како што беше појаснието во американските весници подоцна – грешка во планирањето поради временските разлики. Макрон се обидуваше да го спаси иранскиот нуклеарен договор до 2015 година со шесте светски сили.

„При американското истапување од договорот, неговиот поранешен советник за национална безбеднсот Џон Болтон му вети дека силен притисок за неколку месеци ќе нѐ фрли на коленици. Сега, кога Болтон замина, некој друг сака, за жал, да го имитира, па му ветил на претседателот (Трамп) дека луѓети на улиците на Техеран и на Багдад ќе танцуваат кога ќе слушнат за убиството на Сулејмани“, речле Зариф.

„Мислам дема новите совети кои ги прима Трамп се погреѓни“, заклучи иранскиот министер. Зариф ден претходно изрази подготвеност Иран да ги откаже сите или ден од мерките кои ги спроведува во суспендирањето на своите обврски од нуклеарниот договор, како одговор на неможноста другите потписнички да ја заштитат иранската економија од американските санцки, само доколку Европа за возрват осигура „значителни“ трговски повластувања.