Зариф предупредува дека Иран би можел да се однесува ‘непредвидливо’ како и САД

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф предупреди во средата дека Техеран би можел „непредвидливо“ да постапи одговарајќи на „непредвидливите“ политики на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Заемната непредвидлувот ќе доведе до хаос. Претседателот Трамп не може да биде пнепредвидлви и да очекува другите да бидат предвидливи. Непредвидливоста ќе доведе до заемна непредвидливост, а непредвидливост на хаотична“, рече Зариф во говорот на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (SIPRI).

„Арапите во Персискиот залив не можат да постигна стабилност во регионот трошејќи милијарди за купување на западното оружје. Никаква странска воена присутност во Заливот не може да ја спречи несигурноста“, додаде шефот на иранската дипломатија.

Додаде дека арапските земји во Персискиот залив не би смееле да се обидуваат дак „купат безбедност однадвор“ и ги осуди испраќањето на воените морнарици во водите на Заливот. Велика Британија, Австралија и Бахреин досега ѝ се приклучија на поморската мисија на САД во Заливот под изговор дека ги запштитуваат трговските бродови на Блискиот исток.

„Доколку сакате да разговарате за безбедноста, не испраќајте флотили во Персискиот залив. Тоа е мала водена површина. Со испраќањето на флотилите не ја штитите слободната пловидна. Не можете да имате остров на безбеднста благодарејќи на својата флота во Персискиот залив, додека САД водат економска војна против Иран, туку ја ограничувате“, прецизираше Зариф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.