Професорот Денис Прешова, во објава на Фејсбук, укажува на апсурдноста на идејата на власта на ДУИ и СДСМ за реформи во судството, што всушност се нивни предизборни ветувања.
Според професорот, доколку судиите продолжат да молчат и целосно сервилно да си се грижат единствено за своите плати и привилегии наместо да се грижат за правдата и правата, ќе нема кој да ги брани во иднина.
„Зароби го судството па повикај на ветинг; Вметни партиски кадри, роднини и деца како судии и обвинители па повикај на ветинг; Ре-зароби го судството па повикај на ветинг; Донеси редица на закони за амнестија па повикај на ветинг; Донеси измени на КЗ па повикај на ветинг; Штелувај избори за Шеф на ОЈО ГОКК па повикај на ветинг; Обиди се да го вратиш Груевски па повикај на ветинг; Шиканирај ја ДКСК па повикај на ветинг; Врши притисок за застарување на судски предмети па повикај на ветинг; Инсталирај партиски апартчици во Советите па повикај на ветинг;…..
Та преку ветинг веќе.
П.С. Ако судиите продолжат да молчат и целосно сервилно да си се грижат единствено за своите плати и привилегии наместо да се грижат за правдата и правата очекувам следно партиите да повикаат на судски линч и каменување судии….бекнете веќе еднаш, ќе ни снема лента, а и трпение…ќе нема после кој да ве брани“.