Засега без построги мерки, иако британскиот сој е откриен и во Македонија

Засега нема индикација дека треба да има заострување на мерките. И понатаму се прават интензивни анализи на типот на вирусот, детектирана е таа варијатна на британскиот сој на вирусот, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека вчера имал средба со британската амбасадорка, размениле искуства во однос на тоа како почнал овој силен бран во Велика Британија и какви мерки преземале.

-Засега сметаме дека нема потреба да остапуваме од мерките кои се сега на сила, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Поликлиниката Бит Пазар, каде ќе се чуваат вакцините против Ковид-19.