Засилен безбедносните мерки на аеродромот во Штутгард, крај Берлин автомобил се заби во автобуска

На аеродромот во Штутгард значително се зајакнати безбедносните мерки, соопшти денеска портпаролот на полицијата, несакајќи да ги коментира наводите на медиумите дека на аеродромот биле забележани „осомничени исламисти“.

„ Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги демантирам наводите на медиумите“, изјави портпаролот на полицијата во Штутгард. Тој дополни дека за случајот, штудгардската полиција ги известила сите поголеми аеродроми во земјата.

Локалните медиуми објавија дека на аеродромот се забележани лица кои се однесувале сомнително.

Доцна попладнето околу 19 часо во четвртокот во градот Реклингхауисен на западот од Германија, автомобил се забил во автбуска постојка при што се повредени возачот и уште девет лица, соопшти германската полиција.

Засега не е јасно што ја предизвикало несреќата, објави полицијата и додава дека едно лице е потешко повредено.

Германија е во состојба на висока подготвеност поради опасност од напад од декември 2016 година, кога барател на азил од Тунијс поврзан со исламисти грабна полски камион и го уби возачот, а потоа со возилото косеше посетители на божикен базар. Тогаш беа убиен 12 луѓе, а десетици беа повредени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.