Застапникот на САД го обвини Асанж дека ги ставал во опасност животите на луѓето

Адвокатот Џејмс Луис, кој ги претставува САД на процесот за екстрадиција ја Џулијан Асанж кој започна во понеделникот, рече дека основачот на WikiLeaks не е „олицетворение на слободата на говорот“, туку престапник кој намерно влегов во заговор со цела да се објавуваат доверливи документи ставајќи ги во опасност животите на изворите на информациите.

„Тој често е прикажуван како олицетворение на слободата на говорот… Тон не е новинар, тој со умисла склучил договор со личност којна имал пристап до информации…. Тој не е обвинет за откривање срамни информации за САД, туку за тоа што ги ставил под ризик животите на луѓето“, изјави Луис во текот на сослушувањето пред Кралскиот суд во Волич во истолен Лондон.

Според адвокатот, Асанж влегол во заговор со американскиот војни Бредли Менинг (кој подоцна го промени полот и името во Челзи Менинг), со цел да ги хакира компјутерските мрежи на американското министерство за за одбрана и да ги објави тајните информации, вклучително и за американските воени операции во Ирак и во Авганистан.

Луис истакна дека ризикот за припадниците на американското разузнавање по објавувањата на WikiLeaks биле многу сериозен, спротивно на тоа што го тврди одбраната. Потсети дека тие луѓше давале информации на САД за Иран, како и за терористичките групации, меѓу кои и за Ал Каеда. Адвокаот истакна дека изворите и членовите на нивните семејства биле под заканата од напади и егзекуции.

Сегашната етапа од сослушувањето ќе трае една седмица, во текот на којашто тужителите и одбраната ќе ги презентираат своите главни аргументи Во мај и почетокот на јуни ќе се одржат рочишта кои ќе траат уште три седмици, во текот на кои странките ќе ги презентираат доказите и ќе повикуваат сведоци во случајот. Одлуката на судот се очекува извесно време потоа, но процесот веројатно нема да заврши тука, имено во зависност од пресудаа, се очекува една од страните да поднесе жалба, за чиешто разгледување ќе биде потребен подолг период. Случајот може да стаса до Врховниот суд, како што претходно соопшти одбраната на Асанж. Севкупно, според процените на некои правни експерти, процесот ќе трае неколку години.

Паралелно, бранителите на основачот на WikiLeaks работат на тоа на својот клиент да му издејствуваат политички азил во Франција,. Асанж, обвинет за сексуално вознемирување и силување во Шведска во 2010 година, од јуни 2012 година се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон, тврдејќи дека станува збор за лажни обвиненија чија цел е да биде префрлен во САД каде што му се заканува обвинување за предавство и шпионажа. На 11-ти април 2019 година, тој беше протеран од еквадорсакта амбасада и приведен по барање на САД. Судот во Лондон го прогласи виновен за кршењето на условите за кауцијата под која беше пуштен да се брани од слобода, и го осуди на 11 месеци затвор. Расправата за екстрадикција започна на 2-ри мај минатата година.

Американските власти изјавија кон крајот на мај дека покренале ново обвинение против Асанж по 17 точки за кршење на законот за шпионажа и откривањ класифицирани информации. Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж се соочува со затворска казна до 175 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.