Застрелан поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нар.

Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во градите. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.

Напаѓачот е идентификуван и уапсен.

Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.