Смртно застрелан српскиот политичар на Косово, Оливер Ивановиќ

Лидерор на Граѓанската иниијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, е тешко ранет во во вторникот утрото во Косовска Митровица, потврдиле извори на Радио-телевизија Србија (РСТ), при што се додава дека лекарите се бореле за неговиот живот.

Ивановиќ, според сознанијата на РТС, бил во критична состојба и лекарите се бореле за неговиот живот. Агенијата Танјуг, пак, повикувајќи се на адвокатот на српскиот политичар на Косово, јави дека Ивановиќ им подлегнал на повредите откако бил повеќепати застрелан.

„Колку што ни е познато, се здобил со пет прострелни рани. Веднаш е пренесен во болница, лекарите се обиделе да го реанимираат, но немало спас“, изјавил адвокатот Небојша Вилиќ.

Според неофицијални информации, Ивановиќ по нападот бил итно пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Според непотврдени информации, врз Ивановиќ било пукано додека влегувал во просториите на неговата партија. Полицијата пред партиското седиште пронашла три чаури. Неофицијално кон Ивановиќ пукал непознат маж од пиштол.

Северниот, српскиот дел од Косовска Митровица во кој се случил нападот е блокиран од силни полициски сили,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.