Заталкан куршум оштети автомобил во Кисела Вода

Од заскитан куршум оштетено е возило марка „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки на улицата „Локов“ во населбата Кисела Вода.

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кисела Вода од страна на сопственикот на возилото, Д.С.(48) од Скопје.