„Затишје пред бура“: Тензиите земаат данок на украинското боиште

Додека на маѓународен план ескалираат тензиите за судбината на нивната татковина, украинските војници во окопите околу од војната разореното гратче Маринка проживуваат чуден парадокс, се наведува во репоратажата на агенцијата AFP.

Западот од крајот на минатата година зборува за наводна руска инвазија врз Украниа, но украинските борци во споменатото гратче западно од Донец се соочени со сѐ поретки провокации од проруските сепаратиски од другата страна на линијата на раздвојувањето.

„Претивко е. Тоа вознемирува. Како затишје пред бура“, изјави 49-годишниот украински борец Вотсман за AFP.

Вниманието на Западот моментално е насочено, на како што се тврди, на повеќе од 100.000 руски војници во близина на украинската граница, но Киев со проруските сепаратисти во Донбас се бори веќе осум години.

Судирите на источниот фронт веќе долго се со низок интензитет, а Ботсман тврди дека од неодамна речиси запреле. Сепак, Украинецот вели дека неговата позиција била гранатирана во понеделникот.

„Есенва имаше работа. Нѐ држеа будни во текот на ноќите, ни ги пореметуваа оброците, но сега е тивко. Но сигурен сум дека знаат дека сме тука и колку нѐ има“, додава.

 

Вознемирувачки повици

И покрај ескалацијата на тензиите, малку нешта во практиката се промениле за оние на позициите во од снегот прекриените урнатини на Марианка.

„Нашата должност продолжува, како и вообичаеоно“, рекол Ботсман,

Предупредувањата на западните сојузници на Украина за можна руска инвазија во ударните вести на светските медиуми, лошо влијае врз нервите на Украинците на првата линија, се наведува во репортажата на AFP.

„Тоа е тешко за моралот. Јавувањата од семејството се вознемирувачки. Мораме да ги тешиме“, рекол овој украински борец.

Војниците на различни начини за да се справат со тензиите. Војникот Сих во разурната штала направил импровизирана теретана. Овој 39-годишен војник верува дека преупредувањата за потенцијален масивен напад се дел од информативната војна којашто Русија ја води против Украина.

„Мораме да ја завршиме оваа војна, со помош на сојузниците или самите, со сите достапни средства“, рекол војникот.

Доколку навистина се случи инвазија тој смета дека украинската војкса е подобро опремена и подготвена да се бори.

„Можеби Путин, како стара будала, мисли дека може да стаса во Киев за два дена. Само нека се обиде. Го запревме во 2014 година кога имавме папучи. Сега сме уште посилна војска“ убеден е Сих.

 

Воена помош

Украина во понеделникот објави дека во изминатите неколку месеци од западните партнери добила повеќе од илјада тони оружје и воена опрема, во вредност од околу 1,5 милијарди американски долари.

Ботсман тврди е потрбено уште, особено противтенковски ракети и наведувачки ракетни системи.

„Помошта мора да дојде во сите форми – морално материјално, воено и политички“, рекол.

Го споменал неуспехот на Западот во запирање на руската инвазија во Грузија во брзата војна во 2008 година.

„Доколку биде исто како со Русија, Западот да биде само ‘загрижен’, тогаш сите ќе завршиме во солзи“, закклучил Ботсман.