Затруените деца на јахтата во Хвар од Италија имаат оштетувања на мозокот, останатите се опоравуваат

Шестмина Италијани меѓу кои и две деца на возраст од 5 и 14 години се во индуцирана кома, откако вдишале јаглероден моноксид од неисправно наместениот генратор на јахтата, на која почина 57 годишен бизнисмен од Сицилија.

Тие требало да поминат осум дена на крстарење по Јадранот со јахта, на која пред неколку дена и бил поставен новиот генратор. Но токму генераторот на јахтата Атлантиа беше причина за трагедијата само по два дена од крстарењето.

Италијаните вечерта биле на Хвар на вечера, а потоа легнале да спијат во јахтата. Околу полноќ се разбудиле со силен нагон за повраќање и главоболки. Градоначалникот на едно сицилијанско гратче Бруно Манкузо, кој е еден од настраданите и се опоравува во болницата во Сплит, вели дека имал страшни болки, а потоа го видел својот најдобар пријател Еугенио Винчи, како лежи без свест во тоалетот.

Повикале помош, но било предоцна. Винчи починал, а децата се во критична состојба со тешки оштетувања на мозокот. Во болницата во Сплит, каде што се сместени затруените Италијани има полиција и од Италија.

Хрватската полиција ги уапси сопственикот и капетанот на бродот, кои подоцна беа пуштени да се бранат од слобода до почетокот на судскиот процес.

Хрватите се товарат дека на 8. август, без техничко знаење, нестручно вградиле агрегат за струја, од каде излегувал гас, што се раширил во патничките кабини и предизвикал смрт на еден патник и тешко труење на останатите петмина.