Затрупаните кинески рудару пратија порака од под земја – живи се

Спасувачките екипи тврдат дека 12-те рудари заробени во кинески рудник за злато по експлозијата што се случи пред седум дена, сѐ уште се живи.

Државните медиуми јавуваат дека рударите успеале да испратат порака до спасувачкиот тим, додека судбината на преостанатите 10 рудари сè уште не е позната.

Несреќите во кинеските рудници не се невообичаени и тие често се случуваат поради лошите безбедносни правила. Вкупно 22 рудари беа затрупани во рудникот Хушан во провинцијата Шандонг откако по експлозија што се случи на 10 јануари беше оштетен системот за излез и комуникација на рудникот, кој сè уште беше во фаза на изградба.
Сепак, седум дена по несреќата, спасувачите успеале да воспостават контакт со некои рудари преку тесен отвор. Тие спуштиле јаже во рудникот, почувствувале влечење, а потоа на ист начин испратиле храна, лекови, хартија и пенкала. Рударите тогаш одговориле дека 12 лица се наоѓаат во централниот дел на рудникот.

Кинеските медиуми пишуваат дека се отвораат отвори со надеж дека рударите ќе бидат спасени. Тие се наоѓаат на околу 600 метри оддалеченост од влезот.

Во декември минатата година 23 рудари загинаа поради истекување на јаглерод моноксид во рудникот.