Затуроска: Да знаеше Груби барем малку историја…

По фалбата на шефот на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Артан Груби дека во главниот град на Дарданија се поставил споменик на Неџат Аголи, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, на социјлната мрежа фејсбук се огласи посветувајќи му статус на Артан Груби, кој според неа, нема никако познавање од историјата.

Таа во својот фејсбук статус вели:

„Да знаеше барем малку историја г. Артан Груби и да имаше барем малку повеќе широчина, капацитет и човечки и културолошки и да не беше обземен од омраза, иридентизам, површност и простотилок и желба за самодокажување колку голем албанец е тој и барем малку да се огледаше на ликот и делото на Неџат Аголи кој ја сакал искрено оваа наша заедничка држава, па и да прочиташе нешто за него, да знаеше како изгледал и делувал во едни такви, за него, сложени околности ќе можеше да биде свесен дека личноста на споменикот пред кого се слика не е Неџат Аголи, туку Методија Шаторов-Шарло.

Но, сепак, Груби изгледа одлично пред споменикот и нема да се мешам во неговите оценки дали е најубав или дали е во Дарданија зашто и да е во Дарданија, наше е нели?

Срдечен поздрав до Груби“

za

Имено ова е фотографијата која Груби вчера ја објави на својот профил:

artan-sredena

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.