Затуроска: Со новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ жените добиваат поголема одлучувачка моќ во партијата

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на редовната седница одржана на 21.07.2020 му даде целосна поддршка на претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со преговорите за формирање на идната Влада која треба да биде базирана врз принципи, критериуми, европски вредности, а при тоа да биде земена во предвид волјата на граѓаните, нивното достоинство, почитување на нивното минато, сегашност и иднина, посебноста на македонскиот народ, традиција и култура, пишува на Фејсбук Лилјана Затуроска, генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е партија чија идеологија се заснова токму на овие вредности, бидејќи е партија која произлегува од НАРОДОТ и затоа потребите и барањата на народот ќе бидат приоритет во секоја ситуација, бидејќи токму по тоа сме различни од социјал-демократите кои докажаа дека за нив приоритет се нивните бизниси и принципот рекетирај и поткупувај за да владееш.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е секогаш подготвена да се прилагодува на новите модерни, европски вредности донесувајќи Статут кој е одраз на демократскиот карактер на партијата бидејќи во него главниот акцент е ставен на ЧЛЕНОВИТЕ, бидејќи членовите го даваат суверенитетот на партијата, тие се алфа и омега и од нив мора да произлегуваат предлозите, идеите и идните чекори кои треба партијата да ги прави.

Посебно ме радува тоа што со новиот статут жените добиваат поголема одлучувачка моќ во партијата. Демократскиот капацитет се согледува и преку давањето на рамноправен статус на жените во Статутот на партијата како исклучително важна нишка во функционирањето на партијата. Жените се основната функционална клетка во општеството, а исто така и во ВМРО-ДПМНЕ имаат посебна почит и вреднување.

Тука морам да ги искоментирам и најновите испади на одредени членови на партијата кои до одреден период беа, благо кажано, во ровови кога станува збор за крупни прашања, единствено чекајќи идеален момент за да ја нападнат партијата.

ВМРО-ДПМНЕ помина низ многу премрежја последните неколку години, честопати се прават обиди за раскинување на ткивото на партијата и подбуцнување на внатрепартиски тензии поради преголемите амбиции на одредени членови на партијата, кои, за жал, никако да разберат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која се создала, дише и опстанува благодарение на ВЕРНИТЕ членови кои веруваат и ја пренесуваат каузата и нејзината идеологија!

Себичноста и алчноста никогаш не биле карактеристики на оние кои вистински ја почитуваат и сакаат својата партија!
Демократичноста во една партија не е да чекаш момент за да ја нападнеш во предизвикувачки и одлучувачки моменти, демократија е да делуваш со идеи и стратегии постојано внатре во партијата, а не да го задоволуваш апетитот на оние кои сакаат партијата да ја нема!

ВМРО-ДПМНЕ е партија која учи, се надоградува, прифаќа ново и она што е најважно секогаш го слуша НАРОДОТ и своето ВЕРНО ЧЛЕНСТВО!

Секогаш за ВМРО-ДПМНЕ!
Секогаш за МАКЕДОНИЈА!

Огромна и максимална поддршка за Претседателот Христијан Мицкоски, пишува Затуроска во својата објава.