Затвор за убијците на Саздо, еден се уште на слобода

Кривичниот суд во Скопје им изрече казна затвор во траење од 19 години за кривично дело убиство на Бесир Беља и Скендер Демири, коишто на 29 јуни 2018 година смртно го повредија дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Дополнително, обвинетите се задолжуваат да исплатат по 1.200.000 денари (19.500 евра) на родителите и на братот на убиениот.

Третоосомничениот сè уште е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана домашна и меѓународна потерница.