Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

Вчеравечер (16.01.2021) околу 21.30 часот, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од ова село, чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица, информира МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.