Градската општа болница „8-ми Септември“ минатата недела затвори една од двете хируршки сали на ново отворениот Оддел за трауматологија, бидејќи има недостиг од медицински сестри и анестезиолози.
Но најпогоден дел од затворањето на салата е изведувањето ортопедски операции, каде мора да ги одложуваат закажаните пациенти. Дополнителен притисок се и пациентите со скршеници и разни други повреди, кои не може да чекаат и мора веднаш да се третираат.
Во моментов работиме со 9 анестезиолози, бидејќи 3 заминаа во пензија. Ни недостигаат и 40 медицински сестри за да можеме нормално да работиме. Освен на Oдделот за трауматологија, не работи и уште една од другите сали, така што од вкупно седум сали сега работат само пет“ – вели Костов, директорот на Градската општа болница за порталот Сдк.мк .
Имено само да потсетиме дека новиот Оддел за трауматологија во ГОБ „8-ми Септември“ беше отворен на 7 септември 2018, кој е сместен во просториите што претходно ги користеше приватната болница „Филип Втори“. На отворањето на Одделот, за кој првично беше најавено дека ќе биде „Траума центар“, присуствуваше и премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица. Тој тогаш кажа дека во новиот Оддел, кој е направен по најмодерни стандарди, се очекува да се лекуваат 2.000 пациенти.
Директорот Костов дури и напомена дека побарале одобрение од Министерство за здравство за вработување медицински сестри и дозвола да ангажираат еден од пензионираните анестезиолози.