Затворена за сообраќај улицата „Втора македонска бригада“

Поради реконструкција и асфалтирање на коловозот, од 23 до 25 ноември, за сообраќај ќе биде затворена улицата Втора македонска бригада, на делницата од улицата „Лазо Трповски“ (кај кружната крстосница) до булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.

Сообраќајот на оваа делница ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Во истиот период, автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со броевите 19 и 35 ќе бидат пренасочени по улицата „Босна и Херцеговина“, и во двата правци.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат привремено поставената сообраќајна сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај и да ја приспособат брзината  на движење кон условите на патот.