12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Затворениците револтирани: Власта мора да превземе нешто, по затворите има заразени со коронавирус и овде е критично

Во изјава за ЖУРНАЛ,  адвокатот Насер Рауфи истакна дека има затвореници кои што се многу болни и ниту еден доктор не оди да ги прегледа, и дека ова државата го крие.

Тој, дури е и убеден дека има затвореници кои се заразени од новиот коронавирус, но дека истите немаат никаков медицински третман.

Рауфи апелира, надлежните да направат ревизија во затворите и да им дадат соодветен медицински третман на затворениците.

Откако КУРИР ја пренесе оваа вест, до редакцијата стасал допис од затвореници кои ја објаснуваат состојбата.

-Сакаме да ве известиме дека во затворите е најкритично. Само затворениците останаа сите заедно и поради еден заболен можат преку 1000 лица да добијат коронавирус. Адвокатот Рауфи е во право. Ја молиме власта нешто да превземе бидејќи ние овде не сме безбедни. Или нека даде претседателот Пендаровски вонредна амнестија поради кризата со вирусот, информираат затворениците.

Тие, загрижени за своето здравје, апелираат да се изнајде некакво решение. Бараат намалување на казните, пуштање во домашен притвор или затвор или ослободување на некои, зависно од пресудите.

Но, не се задоволни од селективната правда која власта сака да ја спроведе.

-Неправедно е Владата да им даде отпуст само на затвореници кои имаат V2 и А третман. Тоа веќе е одлучено од министерството за правда и управата за санкции, па ние останатите затвореници сме револтирани. Другите затвореници немаат ништо добиено, а некои веднаш се амнестираат. Доколку Владата не превземе нешто, затворениците ќе бидат промирани да реагираат. Во затворите во Штип, Идризово, Прилеп и Куманово деновиве се зголемува безбедноста и на вработените им се доделени панцири, пендреци и огнено оружје, за ако дојде до бунт на останатите затвореници да можат насилно да го спречат тоа. Затоа, ја молиме Вадата да превземе нешто. Секој друг потег на власта ќе го сметаме за неправеден и може да дојде до реакција на затворениците, велат затворениците во допис до редакцијата на КУРИР.