Затворениците во Идризово одбиваат послушност, четири месеци се без контакт со семејствата, раководството во паника

Осудениците кои се на отслужување на казната во КПУ Идризово од утринава одбиваат послушност.  Имено, затворениците веќе три месеци под изговор заради избори, пандемијата, па пак избори се ускратени од сите погодности кои им следуваат со закон. Веќе повеќе од три месеци на осудените лица им се забранети посетите од семејствата како и користење на други погодности, викенд отсуства, слободни саати, работно ангажирање во фирми, годишни одмори итн, објави АВАЗ.МК.

Осудените лица кои се здобиле со третман и се сместени во полуотворено и отворено оделение денес одбија послушност кон чуварите на затворот. Тие изразија револт кон незаинтересираноста на управата на затворот да изнајде и понуди решенија со разни изговори дека “така е кажано од погоре” и дека они не можеле да сторат ништо, пишува порталот.

-Според информациите што ги добиваме од затворот, раководството од утринава е во паника и се обидува да испреговара со затворениците околу нивните барања, се со цел ситуацијата да не ескалира. Во КПУ Идризово се сместени околу 1.800 затвореници, се стравува ситуацијата да не се пренесе и на другите затвори низ државата, пишува АВАЗ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.