Затвореник избега од тетовскиот затвор

Министерството за внатрешни работи потврди во средата дека претходниот ден од затворот во Тетово усепал да избега дваесет и тригодишен осуденик.

Од затворот во Тетово вчера избегало лицетот Џ.И. (23) од село Дебреше Гостиварско.

Полицијата информира дека тој избегал во 21.45 часот, а издржувал казна затвор во траење од две години и шест месеци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.