Затвореник од Албанија осуден на доживотен затвор избега од КПД Идризово

Затвореник од Албанија, осуден на доживотна казна затвор изутрината избега од Казнено поправниот дом во Идризово.

Според одговорното лице во затворот, осудениот А.Д. бил во својата ќелија при проверката на 07.02.2020г. во 19,00ч. а на 08.02.2020г. во 07,00ч. забележале дека избегал.

Бегството е извршено со сечење на заштитна решетка од келијата која се наоѓала на третиот кат.