Затвореник од Идризово почина на пат кон болница

Вчера во 18,44 часот на Р.А.(1951) од Струмица – притвореник во Затвор Скопје, му се слошило. Од страна на доктор од затворот укажана му била прва помош, по што била повикана итна медицинска и бил пренесен во ГОБ„8-ми Септември“, но по пат починал.
Доктор од ИМП констатирал смрт. По наредба на ЈО телото ќе биде предадено на обдукција.
Инаку, на 10 јануари годинава околу 11,00 часот во Скопје во Клиничкиот центар-„Мајка Тереза“ починал М.А. (73) од Гостивар кој бил на отслужување на казна затвор во КПУ “Идризово“ во времетраење од 4,5 години.
Истиот на лекување бил донесен на 02.01.2017 година, прво на Клиника за нефрологија, а откако му се влошила состојбата, на 03.01.2017 година бил префрлен на „КАРИЛ“, каде и починал.
Телото на починатиот било предадено на обдукција.

Два дена пред тоа два дена С.Р. (56) од с.Речане- гостиварско осуденик во затворот КПУ „Идризово“ околу 10,00 часот тој ден бил однесен во Токсикологија, а околу 12,30 починал. Тој боледувал од канцер, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Така во рок од месец дена годинава, тројца затвореници од Идризово починаа, а во октомври минатата година двајца затвореници починаа во или на пат кон болница.

Така на 26 октомври на Клиниката за гастрологија, починал Б.И. (29) од с.Лојане, кумановско кој издржувал казна затвор во КПУ-Идризово и боледувал од цироза, а два дена пред тоа бил донесен во клиниката поради влошена здравствена состојба.

На 17 октомври минатата година на пат од КПУ-Идризово кон Клинички Центар во возило починал затвореникот Ш.З. (46) од с.Радожда, струшко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.