Затвореник од Идризово починал на Клиниката за гастрологија

Вчера околу 8 часот, во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал А.К. (37) од Скопје.

Станува збор за осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, кој од 12.05.2018 година бил хоспитализиран на Клиниката за гастрологија.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.