Затвореник од Идризово починал на Ургентен

Затвореник од затворот во Идризово починал во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен вчера. Педесет и четиригодишен затвореникот В.М. починал околу 6,30 часот, а во Ургентниот центар бил донесен на 13-ти попладнето откако претходно му се слошило.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.