Затвореник од штипскиот затвор ја спасил бремената жена во железничката несреќа

Затвореник пуштен на домашно отсуство од штипскиот затвор бил прв кој пристигнал на местото на несреќата кај Сарамзалино, ја спасил бремената жена и им помагал на другите повредени, објави порталот Курир.

Затвореникот З. К. (42) најпрво и помогнал на една повредена жена која во моментов е во критична здравствена состојба, медицинска сестра.

Тој потоа ја спасил и бремената жена, која за среќа не се здоби со никакви повреди и пред неколку часа е пуштена на домашно лекување.

Затвореникот откако им помогнал на двете жени, продолжил да им помага и на останатите повредени, се додека не дошла брзата помош.

Откако пристигнала помошта, самиот З.К. со сопствено возило ги однел двете жени во болница.

Со амбулантни возила, останатите повредени биле испратени во болница, каде сите доктори биле спремни да се погрижат за нив.

Како што дознава Курир, затвореникот бил меѓу најпримерните во затворот.