Затвореник од „Шутка“ почина на скопските клиники

Затвореник од „Шутка“ бил итно префрлен на клиника каде што починал, јавуваат од полицијата.

„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, стои во билтенот на МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.