Затвореник прободен со нож во Идризово

130

Затвореник бил прободен со нож од друг осуденик, вчера во КПУ„Идризово“, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 13.30 часот во една од просториите на затворот.

Тогаш Е.А.(24) од Тетово, со нож го нападнал и го пробол Р.Ј.(40) од село Ропалце, кумановско, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Таму му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.