Затворено кафулето „Мош“, биле затекнати гости во 23 часот

Синоќа полицијата интервенирала во кафулето „Мош“ во центарот на Скопје, и бркала гости кои биле во локалот во 23 часот, два часа после забраната за гости, мерка донесена од Владата.

„Полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот пазарен инспекторат, вчера вечерта при контрола во угостителски објект на улица „Дебарца“ во Скопје констатирале дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, а во објектот биле затекнати 20 до 30 гости. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.

МВР соопшти дека по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.