Затворот Рајкерс властите на Њујорк ќе го заменат со четири помали

Градските власти на Њујорк одлучиле да го затворат озлогласениот затвор Рајкерс и да го заменат за четири помали, што ќе бидат помодерни и похумани.

Затворскиот комплекс Рајкерс, еден од најголемите во светот, треба да биде затворен до 2026 година, пренесуваат американските меидуми. Затворот е на многу лош глас заради насилството во него и запуштените услови за престој.

Комплексот ќе биде заменет со четири помали затвори што ќе бидат лоцирани во близина на главните њујоршки судници во Менхетен, Бруклин, Бронкс и Квинс.