Затворот „Шутка“ ќе се гасифицира

На 162.седница, Владата одобри гасификација на КПУ „Затвор Скопје“.

„На оваа седница Владата ги прифати измените на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година и ги зголеми средствата наменети за замена на постоечките нееколошки системи за греење во административните и други објекти во сопственост за државата во најзагадените градови со цел замена на системот за греење на Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.

КПУ „Затвор Скопје“, кој сега користи екстра лесно масло за затоплување со оваа пренамена ќе се загрева на гас, што со оглед на локацијата на котларата во населено градско подрачје е од големо значење за намалување на аерозагадувањето во општината и градот пошироко“, се вели во соопштението на Влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.