Заубер ја продолжи соработката со Естебан Гутјерес

Мексиканецот Естебан Гутјерес и наредната сезона ќе вози за тимот на Заубер во Формула 1. Иако се шпекулираше дека тимски колега на Адријан Зутил ќе му биде Русинот Сергеј Широткин, Заубер одлучи да ја продолжи соработката со Мексиканецот. Русинот ќе мора да се задоволи само со улогата на тест возач.

“Среќен сум што ќе возам за Заубер и наредната сезона. Ова ќе биде моја четврта сезона, во тимот, втора како возач и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на првите луѓе во тимот”, изјави Гутјерес.

Тој во дебитантската сезона освои шест бодови и беше 16 во генералниот пласман. Новата сезона во најбрзиот циркус на денешницата почнува во март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.