Заев го потврди сомнeвањето на Мицкоски, ја менува изјавата за Илинденска Македонија

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието во четвртокот истакна дека за предлогот „Република Илинденска Македонија“, во спорот со името со Грција повеќе нема да се дебатира.

Одговорот на Заев следи по барањето од ВМРО-ДПМНЕ да каже какви можни предлози за имиња на Македонија се прифатливи, да бидат по принципот „ерга омнес“, односно за ткн внатрешна и за надворешна употреба. Премиерот уште еднаш ја нагласи и потребата за референдум по ова прашање.

Меѓутоа, ваквата изјава на Заев оди во прилог на предвидувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на минатонеделниот телевизиски дуел на јавниот сервис му порача на премиерот дека набрзо ќе ја промени својата изјава за предлогот „Илинденска Македонија“.

„Сега ќе ве прашам кога ќе ја менувате изјавата за некој месец за некое друго решение и тогаш претпоставувам ќе седнеме тука, и тогаш претпоставувам ќе кажувате заштитивте ова или она. Знаете ли кој е најголем капитал за една држава? Народот, а вие го потценивте народот, народот сам ќе ја изгради оваа држава како што ја изградил досега. Процесот за во ЕУ и НАТО е паралелен со народот и тој сам ќе се изгради, само на народот му треба чесни политичари коишто ќе ја водат нашата држава“, рече Мицкоски во текот на телевизиското соочување со Заев.

Челникот на опозицијата додаде и дека Заев успеал да урне сѐ што изминатите 25 години е градено во Македонија и рече дека премиерот Заев мислел само дека има решение, а тоа не било вистина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.