Завршена заложничката криза во Пакистан, убиени сите грабнувачи

Пакистанските безбедносни сили ги ликвидирале сите милитанти коишто го заземаа претходно центарот за борба против тероризмот, по двата дена заложничка во објектот во Бани на северозападот на земјата, соопшти министерството за одбраната.

Пакистанскиот министер за одбрана Каваја Асиф изјави пред пратениците во парламентот дека сите заложници биле спасени од војската којашто во таа операција загубила двајца командоси, припадници на елитната единица.

Безбедносните сили ја спровеле операцијата за спасување на заложниците заробени од неделата, потсетува Reuters.

Пакистанските војници ја опколиле воена зона во којашто се наоѓа центарот за борба против тероризмот, каде што според првичните процени продреле околу 20 припадници на пакистанските талибани, припадници на движењето Тахрик-е-Талибан Пакистан (TTP).

Според денешното соопштение, пакистанските сили убиле 33 милитанти, или како што се истакнува сите грабнувачи, а ранети се 10 до 15 војници во полицискиот центар во оддалечениот северозападен град Бану, според министерството за одбрана.