Завршени вештачењата на проектилите испукани во Владата

Завршено е балистичкото вештачење во врска со веројатноста за насоката од која се истрелани, како и на калибарот од остатоците на двата проектила кои завчера вечерта беа испукани на зградата на Владата на Република Македонија и за тоа е информирано Јавното обвинителство.

Како што информираат од МВР, тие продолжуваат да работат по насоките на Јавното обвинителство за расчистување на овој случај.

Два проектилa завчера вечерта беа испукани на зградата на Владата на Република Македонија во Скопје. Едниот заврши во покривот, а другиот на источната фасада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.