Заврши 15-годишната кавга, браќата Галагер го потврдија обединувањето на Oasis

Лијам и Ноел Галагер конечно ги „закопаав секирите“ и го потврдија долгоочекуваното обединување на Oasis и светска турнеја следната година.

Еден од најдобрите светски бендови од крајот на минатиот век, кој се распадна пред 15 години, ги објави датумите на турнејата во Велика Британија и Ирска која ќе започне на стадионот во Кардиф во август следната година. Потоа треба да следи обиколка на европскиот континент.

Ноел, 57-годишниотпостар брат и главен автор во групата, го напушти бендот на 28 август 2009 година, велејќи дека „не може да работи уште еден ден со Лиам“. Претходно, браќата за малку ќе се степаа зад сцената на фестивалот „Rock en Siene“ во Париз. Тоа беше кулминација на повеќегодишната нетрпеливост меѓу нив двајца.

„Оружјето замолкна. Ѕвездите се порамнија. Големото чекање заврши. Дојдете и видете“, објави утринава веб-страницата на Oasis.

Повторното обединување се совпаѓа со триесетгодишнината од објавувањето на нивниот познат албум „(What’s the Story) Morning Glory?“, но бендот не најави нови студиски активности или снимање на нов албум по овој повод.