Заврши Бундес лигата – шампион Баерн

Германците беа првите кои во ерата на пандемијата на Корона вирусот ги продолжија натпреварите во Бундес лигата, па затоа и први ја заокружуваат фудбалската сезона 2019/2020-та.
Со натпреварите од 39-тото коло одиграни попладнево спуштена е завесата на сезоната во германската Бундес лига.
Што се однесува до шампионот, ништо ново. Минхенски Баерн по осми пат во низа, а вкупно 30-ти е првак на Германија.
Покрај Баварците во Лигата на шампионите ќе играат и Борусија Дортмунд, Лајпциг и Борусија Менхенгладбах кој со победата над Херта со 2-1 го освои четвртото место, пред Баер Леверкузен кој заостана два бода.
Така „Фармацевтите“ заедно со Хофенхамј и Волфсбург обезбедија место во Лигата на Европа, додека Бундес лигата покрај Падерборн ја напушта и Фортуна Дизелдорф, а тимот на Вердер ќе игра во баражот за опстанок.