Заврши драмата во Белград, по пријава дека во зградата на РТС има бомба

Вработени во Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата „Таковска“ во Белград денеска се евакуирани околу 14 часот поради дојава за бомба, потврдено е за Б92.нет од Министерството за внатрешни работи на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Пред малку, драмата заврши и вработените се вратени назад.

Како што соопшти Нова.рс, сите вработени во РТС се евакуирани по наредба на обезбедувањето.

Денес околу 14 часот обезбедувањето им наредило на вработените да ги напуштат своите работни места додека не се утврди што се случува.

Полицијата направила детална истрага. Бомба во зградата не е најдена, а дојавата била лажна.

Сега вработените се вратени на своите работни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.