Заврши истрагата: Нема докази дека Дајана е убиена

Британски „Скотланд Јард“ соопшти дека е завршена истрагата по повод новите информации за смртта на принцезата Дајана во 1997 година во Париз и дека не се пронајдени „уверливи докази“ дека таа е убиена.

„Скотланд Јард“ ја проверуваше веродостојноста на добиените информации за смртта на принцезата Дајана и Доди Фајед, вклучувајќи ги наводите дека таа е убиена од „британската воена фигура“.

„Полициската служба Метрополитен (МПС) ја презела истрагата со цел да ја провери релевантноста и кредибилитетот на тие информации. Таа истрага сега е завршена“, се наведува во писменото соопштение.

Припадник на елитната британска војска наводно учествувал во убиството на Дајана, навеле лица блиски до војникот, повикувајќи се на информации кои тој им ги кажувал претходно, а чија копии на писма ги поседува „Скај њуз“.

„Скотланд јард“ информирал дека истрагата не пронашла „доверливи докази“ дека припадник на оваа единица навистина бил вклучен во убиството.

„Иако постојат наводни коментари поврзани со вмешаност на оваа единица во смртта со Дајана, сепак не постојат валидни или релевантни докази кои што ќе ја поддржат оваа теорија дека таквите тврдеа имаат било каква реална основа“, наведува „Скај њуз“, пренесувајќи го соопштението на „Скотланд јард“.

Британската принцеза Дајана загина во сообраќајна несреќа во Париз во тунел на 31-ви август во 1997 ходина, заедно со нејзиниот наводно љубовник Фајед и возачот Хенри Пол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.