Заврши ликовната колонија „Арт варијации – Стари поток 2020“ – спој на литературната и ликовната уметност

Заврши ликовната колонија „Арт варијации – Стари поток 2020“ во организација на Здружението за култура, општествени дејности и наука „Стари поток“ од Кочани која почна на 22 септември.

Ова е четврто издание на колонијата, која е меѓународна, но поради пандемијата на Ковид-19 годинава учествуваа само ликовни уметници од нашата земја на слободна тема, според свој избор, без да бидат заедно.

На колонијата се изработени 20 дела во акрил и масло на платно.

„Претходните три колонии беа од меѓународен карактер, но поради настанатата состојба со вирусот, годинава на колонијата учество зедоа ликовни творци од Македонија и тоа: Мики Трендафиловски, Трајан Трајковски и Александар Стефановски од Куманово, Благица Стојановска од Виница, Слаџана Гаврилова, Нина Савева и Марио Дејанов од Зрновци и Нада Ѕмбова Донева, Елизабета Зафирова Стојанова и Марија Дончева од Кочани. Учесниците твореа по сопствена режија за да се избегнат поголеми собири, а денес ги претставија своите дела. Се надеваме дека наскоро уметничките слики ќе бидат изложени и пред пошироката јавност“, изјави Љупка Стојменова, претседател на Зружението „Стари поток“ и додаде: „Оваа колонија беше спој на две уметности- литературната и ликовната. Уметничката Марија Дончева своите две дела ги создаде врз основа на сови потески литературни творби, додека Слаѓана Гаврилова врз основа на освоите ликовни дела создадењ поетска творба“.

Ликовната колонија „Арт варијации“ е проект финансиран од Министерството за култура.