Заврши протестот за Монструм, сите по дома

Заврши протестот за случајот „Монструм“ кој се одржа денеска од страна на роднините и пријателите на обвинетите за убиствата на децата кај Смилковското езеро.

Демонстрантите во неколку наврати го нападнаа полицискиот коридор на улицата пред ТЦ Мавровка во Скопје, а полицијата ја растеруваше толпата со шок бомби.

Кратко по повлекувањето на демонстрантите се повлекоа и полицајците од пред ТЦ „Мавровка“.

Инаку, во протестот беа повредени тројца полицајци, а нападната беше и новинарска екипа на МИА.