Заврши заложничката криза во Франција

Вооружениот маж кој во четвртокот попладнето во заложништво зема шест лица во филијала на банка во центарот на северниот француски пристанишен град Ле Авр, ѝ се предаде доцна ноќта на полицијата, откако ги ислободил залижниците.

Полицијата во совладувањето не користела огнено оружје, а заложниците не биле повредение иако биле во шок, изјави Дени Жајкоб, од полицискиот синдикат.

Полицискиот тим за деминирање се појавил откако 34-годишниот маж со историја на ментални болести рекол дека во торбата има експлозив. Притоа бил вооружен и со пиштол, соопшти полицијата.

Жакоб потврди дека на почетокот вооружениот маж земал шест заложници. Пет во текот на кризата ги ислободил, а шестиот бил евакуиран откако грабнувачот бил приведен.

Заложниците биле држани во филијала на банката „Bred“ во приземјето на шесткатница од станбена зграда во центарот на Ле Авр.

Претходно полициски извори изјавија за медиумите дека напаѓачот имал „исламистички симпатии“ и оти бил на радорот на безбедносните служби поради можна радикализација. Меѓутоа, за тоа сѐ уште нема официјална потврда.

Спред полициските извори, напаѓачот чиј идентитет не е соопштен за јавноста „бил радикализиран и пател од тешка психијатриска болест“.

Во текот на преговорите со полицијата барал скутер и пристап до социјалните мрежи. Радиото RTL претходно објави дека грабнувачот барал „да се ослободат палестинските деца, незаконски затворени во израелскиот зтвори“ и да им се овозможи на Палестинците помлади од 40 години пристап до џамјата Ак Акса во Ерусалим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.