Заврши зимската ски сезона на Попова Шапка

Ски-центарот „Попова шапка“ ги информира сите љубители на скијањето дека заклучно со денес (11.04.2021) завршува зимската сезона во Ски-центарот “Попова Шапка”.

-Им се заблагодаруваме на сите скијачи што оваа година ни укажаа доверба како никогаш досега и го одбраа нашиот Ски – центар за уживање во зимските спортови. Оваа година направивме многу, но имаме уште многу што да направиме, стои во објавата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.