Завршницата на мундијалот ќе се игра со новата топка „Ал Хилм“

Последните натпревари на Светското првенство во фудбал во Катар, ќе се играат со новата топка „Ал Хилм“ украсена со бордо нијанси коишто потсетуваат на катарското знаме, објави Меѓународната фудбалска федерација ФИФА.

„Ал Хилм ќе биде официјална топка за полуфиналните натпревари, натпреварот за третото место и за финалето“ коешто е на распоредот на 18-ти декември на стадионот „Луисал“, објави ФИФИ.

„Ал Хилм“, што е арапски збор кој означува сон, ќе ја замени досегашната топка „Ал Рихла“, што на арапски значи патување,

Топките „Ал Рихла“ и „Ал Хилм“ ги наследија топките „Телстар 18’ од Светското првенство во Русија во 2018 година, „Бразука“ од Бразил во 2014-та и „Џабулани“ од светското првенство во 2010 година во Јужноафриканската Република.