Заврши царинската војна, Хрватска ги намали таксите и за македонските земјоделски продукти

Министерството за земјоделие на Хрватска ги намалило замјоделксите производи од 270 на 12,6 евар се наведува во Правилникот за инспекциски надзор и конрола за усогласеноста на овошјето и земјоделето со пазарните стандарди, пренесуваат во четвртокот медиумите во регионот.

Така, Загреб договорил со соседните земји, вклучително и Македонија, чиј значаен пазар за нејзините земјоделски производи прететавува, од петокот во целсот да бидат нормализирани контролите на границите.

Хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ денеска донесе одлука за повлекување на Правилникот за фитосанитарна контрола на овошјето и зеленчукокт увезени од држави што не се членки на ЕУ, со кој цените на инспекциите беа зголемени за над 22 пати.

Ваквата одлука на Толушиќ уследи по жестоките реакции на земјите од западен Балкан кои директно беа погодени со ваката одлука на Хрватска донесена минатиот месец.

Со правилникот се предвидуваше цената за инсепкцискиот надзор да изнесува по 2.000 куни (270 евра) за секој вид на зеленчук или овошје, што во пракса значеше дека еден камион кој во Хрватска внесува пет различни видови на земјоделски производи ќе мораше за инспекцијата да плати 10.000 куни (1.350 евра).

Министрите за земјоделство на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на средба во понеделникот во Сараево побараа Загреб под итно да го повлече правилникот. Четирите земји побараа Хрватска да ги прилагоди своите цени за инспекциска контрола со просечната цена во земјите членки на ЕУ и апелираа до Унијата да се вклучи во надминувањето на спорот. Тие најавија и дека ако Загреб не ја повлече одлуката за зголемување на цените на инспекциите, ќе преземат реципрочни мерки кон Хрватска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.