Заврши гласањето во Австралија, од пријавени 175 избирачи гласале 13

Заврши гласањето во Автралија. На двете избирачки места во Австралија од вкупно пријавените 175 избирачи гласале 13 лица.

Во Мелбурн од запишаните 104 гласале 7 лица, додека во Канбера од 71 пријавен за гласање своето право го оствариле 6 лица.

За споредба на парламентарните избори во Австралија излегле 47,26 отсто од пријавените гласачи.