Заврши обдукцијата на дел од загинатите во автобуската несреќа

Во тек е идентификацијата на загинатите во автобуската несреќа на патот Скопје- Тетово на чии тела е наредена обдукција и се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Скопје. Вработените во Судска медицина работеле до 4 часот утрово, обдукцијата на дел од загинатите завршила, а за останатите ќе биде направена денеска.

Билансот од несреќата е 15 мртви, повеќемина повредени од кои седум лица сѐ уште се во критична состојба.

Трагедијата се случи околу 17 часот на автопатот Скопје- Тетово, кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.