Заврши средбата меѓу Меркел и Заев- Изостанаа изјавите за медиуми

По 40-тина минути во Германија заврши средбата меѓу канцеларката Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев, пренесува „360 степени“ од Берлин.

По состанокот не беа дадени изјави за медиумите.

Засега нема ниту официјални ниту неофицијални информации за исходот од состанокот од кој се очекуваше одговор на прашањето дали Македонија може да се надева на одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ летово или наесен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.