Заврши средбата Заев-Ахмети, следат консултации во партиите

Претседателот на Владата Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт.

На средбата е договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните.

Инаку, метлата стана актуелна откако на митинг на Пендаровски во Карпош, Заев зборуваше за чистка, а Дац му даде метла од публика.